Најчесто поставувани прашања

1. Што значи либерализацијата во снабдувањето со електрична енергија?
Во практична смисла, либерализацијата во снабдувањето со електрична енергија значи дека Вашата компанија може да избере од кој деловен субјект, носител на Лиценца Снабдувач со електрична енергија, ќе ги обезбедува своите потреби за електрична енергија. Листата на лиценцирани Снабдувачи и Трговци со електрична енергија можете да ја пронајдете на веб страната на Регулаторната Комисија за енергетика на Република Македонија.
 
2. Дали мора да изберам да бидам снабдуван со електрична енергија на либерализиран пазар?
Не. Доколку Вашата компанија не е на листата на правни субјекти кои согласно Пазарните Правила и Законот за енергетика на РМ ги исполнуваат условите за учество на пазарот на електрична енергија, Вие може да продолжите да бидете снабдувани на регулиран пазар од страна на ЕВН Македонија АД. Листите на потрошувачи што ги исполнуваат условите за учество на пазарот на електрична енергија во 2016 година можете да ги пронајдете тука

3. Кои се критериумите за стекнување на право за учество на либерализиран пазар? 
За стекнување на право за учество на либерализиран пазар дефинирани се 2 критериуми. Доколку ги исполнувате критериумите за големи потрошувачи (повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход или вкупна актива поголема од десет милиони евра) мора да набавувате електрична енергија на отворен пазар. Од друга страна, доколку не ги исполнувате овие критериуми, тогаш припаѓате на категоријата мали потрошувачи, за кои критериумите за стекнување на право за учество на либерализиран пазар се заосноваат на годишна потрошувачка и се дефинирани во Законот за енергетика на РМ.

4. До кога мора да склучам договор за снабдување на либерализиран пазар?
Големите потрошувачи кои имаат повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход или вкупна актива поголема од десет милиони евра и кои за првпат се стекнуваат со право за самостоен настап на пазарот на електрична енергија имаат обврска да склучат договор со снабдувач или трговец најдоцна 60 дена по денот на стекнувањето на правото за самостојно учество на пазарот, согласно Правилата за пазар на електрична енергија.

За малите потрошувачи, Законот за енергетика на РМ предвидува 5 чекори на либерализација на пазарот на електрична енергија во зависност од годишната потрошувачка на корисниците.  Според тоа, корисниците со годишна потрошувачка над 1000 MWh можат да учествуваат на отворен пазар почнувајќи од 1 Јули 2016, корисниците со годишна потрошувачка над 500 MWh од 1 Јули 2017, корисниците со годишна потрошувачка над 100 MWh од 1 Јули 2018, корисниците со годишна потрошувачка над 25 MWh од 1 Јули 2019, а сите останати мали корисници и домаќинства почнувајќи од 1 Јули 2020.

5. Која опција е најисплатлива за мојата компанија во делот за снабдување со електрична енергија?
Мора да се нагласи дека либерализацијата не мора нужно да значи пониска цена за корисниците коишто ќе изберат да бидат снабдувани на слободниот, либерализиран пазар. Цената на слободниот пазар се формира не само врз основа на понудата и побарувачката во даден временски интервал, туку и врз основа на многу други варијабли коишто влијаат врз конечната малопродажна цена. Како и во секој друг бизнис, трговијата и снабдувањето со електрична енергија е поврзано со многу ризици определени од природата на електричната енергија како продукт којшто не може да се складира, производниот капацитет достапен на домашниот и регионалните пазари, прекуграничните капацитети за пренос на енергијата, движењата на берзите на електрична енергија, факторите на виша сила и сл. Во секој случај најдобар начин да добиете експертско мислење за најисплатливата и најперспективната опција за Вас е да ги контактирате експертите на ЕВН Македонија Електроснабдување тука.

6. Кој е бенефитот за мојата компанија доколку се одлучам да бидам снабдуван од страна на ЕВН Македонија Електроснабдување?
Склучувајќи Договор за снабдување со ЕВН Македонија Електроснабдување, воспоставувате деловен однос со компанија којашто е дел од ЕВН групацијата со околу 4,5 милиони корисници. ЕВН е компанија којашто има најголемо искуство со снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа.  

Групацијата е основана во 1907 година, 26 години котира на берза и е водечка компанија за интегрирани енергетски и еколошки услуги која опслужува корисници во 25 земји во Европа со најголеми деловни активности во Австрија, Германија и Југоисточна Европа. 

Управниот и Надзорниот Одбор на ЕВН се посветени на принципите на добро корпоративно управување и на тој начин ги пресретнуваат очекувањата на домашните и меѓународните инвеститори за одговорно, транспарентно и одржливо управување и контрола. 

Менаџментот и вработените во ЕВН имаат големи одговорности и претставуваат пример за деловно однесување во сите земји. Од оваа причина е развиен ЕВН Кодекс на однесување, кој ги дефинира и сумира основните принципи и насоки за одговорни постапки на луѓе со интегритет. Покрај тоа, развиен е посебен сеопфатен сет на интерни правила за сите деловни области кој е обврзувачки за вработените во ЕВН. Конкретно, овие правила ги опфаќаат релевантните насоки и кодекс на однесување за ЕВН групацијата кои ги регулираат дневните деловни активности на оперативно ниво. 

Општеството е област од посебен интерест за ЕВН. ЕВН групацијата поддржува настани поврзани со македонската традиција, инвестира во спортот и во промоција на здравјето и ја поттикнува идејата за еднаков третман за сите засегнати страни во општеството. 

Со тоа, секогаш можете да сметате на ЕВН Македонија Електроснабдување како доверлив и сигурен партнер којшто за Вас секогаш најпрецизно ќе ги планира Вашите енергетски потреби и компанија којашто ќе биде на располагање за Вас и Вашиот бизнис во секое време од денот и ноќта, секој ден во годината. Компанија којашто ја познавате и за којашто можете да бидете уверени дека ќе Ви ја обезбеди енергијата што Ви треба под најповолни услови за набавка без никакви скриени трошоци, со апсолутно најдобар сервис и достапност во однос на останатите конкуренти.

7. По какви цени ќе биде снабдувана мојата компанија доколку се одлучам ЕВН Македонија Електроснабдување да биде мој Снабдувач на либерализираниот пазар?
ЕВН Македонија Електроснабдување има подготвено специјални индивидуализирани ценовни решенија коишто ги следат карактеристиките и специфичностите на потрошувачката на Вашиот бизнис што значи дека можете да бидете уверени дека она што ќе Ви биде препорачано е резултат на сериозни анализи на Вашиот потрошувачки профил. 

8. Зошто досега немав можност да добијам ваква понуда за снабдување за мојата компанија?
Во изминатиот период, Вашата компанија имаше статус на тн. Тарифен потрошувач, што значи дека согласно важечката регулатива за Вас мораа да бидат применувани цени дефинирани во Тарифниот систем усвојуван од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, ЕВН Македонија АД како регулиран Снабдувач на тарифни потрошувачи немаше никаква можност самостојно да ги определува цените за Вашето снабдување. Со отварањето на Пазарот на електрична енергија, ЕВН Македонија Електроснабдување веќе може слободно да ја формира цената и заеднички со Вас да ги договара цените и условите под коишто Вашата компанија ќе може да се снабдува со електрична енергија, на заедничко задоволство.

9. Дали доколку се одлучам да бидам снабдуван од страна на ЕВН Македонија Електроснабдување може да сметам на дополнителни услуги од Вашата компанија?
Со самото склучување на Договор за снабдување со ЕВН Македонија Електроснабдување, Вам Ви се доделува надлежен Менаџер за клучни корисници. Вие ги стекнувате сите привилегии во врска со користењето на сите сервиси за рационализација на Вашата потрошувачка на електрична енергија како надополнување врз најповолните цени на електрична енергија за Вас. Бенефитот за своите корисници ЕВН Македонија Електроснабдување го гледа пред се како вкупна вредност што тие ја добиваат, а не само како гола цена за kWh. 

10. Кој е ризикот за мојот бизнис доколку се одлучам за друг трговец или снабдувач со електрична енергија?
Секоја одлука што ја носиме во нашите приватни или деловни односи е поврзана со некаков ризик или исход различен од посакуваниот. Одлуката да се снабдувате од друг трговец или снабдувач е легитимна и истата ќе биде почитувана од страна од страна на ЕВН Македонија Електроснабдување. Она што може да го укажеме е дека ЕВН Македонија Електроснабдување ќе Ве има предвид и понатаму и ќе ги следи Вашите потреби и очекувања дури и во случај на банкрот, ликвидација или неможност на исполнување на обврските кон Вас од страна на Вашиот евентуален нов добавувач, со цел воспоставување на сигурно и стабилно снабдување на Вашиот бизнис во најкраток можен рок, со најмали финансиски последици.

11. Како да станам корисник на ЕВН Македонија Електроснабдување на либерализиран пазар?
Доколку сте корисник што ги исполнува условите за учество на пазарот на електрична, Ве упатуваме на нашиот посветен тим од Менаџери за клучни корисници  коишто ќе изготват специјална понуда адаптирана на Вашите потреби.

12. Доколку се одлучам да бидам снабдуван на либерализираниот пазар, дали како и досега ќе добивам една фактура за електрична енергија?
Не. Доколку се одлучите да склучите Договор за снабдување под пазарни услови, ќе добивате две фактури: една за самата енергија по цена што ќе ја договорите со Вашиот Снабдувач (пр. ЕВН Македонија Електроснабдување) и фактура што ќе ја добивате за надомест за користење на дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД како Оператор на дистрибутивниот систем по цени дефинирани од страна на Регулаторната Комисија за енергетика.

13. Дали тоа значи дека доколку добијам понуда од друг снабдувач, различен од ЕВН Македонија Електроснабдување, во истата ќе ми биде презентиран вкупниот трошок за електрична енергија што ќе го плаќам?
Тоа ќе зависи од моралниот кредибилитет, деловна лојалност и искреност на давателот на понудата. Во услови на конкуренција може да се појават пазарни играчи коишто ќе се обидат да стекнат корисници врз основа на различни маркетишки и перцептивни трикови со прикажување само на дел од вкупниот трошок. Впрочем сведоци сме на истото земајќи ја предвид аналогијата со услугите во други сервисни индустрии. ЕВН Македонија Електроснабдување како одговорен учесник на пазарот и лидер на истиот се обврзува да презентира точни информации за вкупниот претпоставен трошок на корисникот без никакви шпекулантски трикови.

14. Дали изборот на конкретен Снабдувач со електрична енергија ќе има влијание врз квалитетот на електричната енергија што ја користам?
Апсолутно и дефинитивно НЕ! Квалитетот и сигурноста на снабдувањето во нивната техничка смисла зависат од операторите на соодветните системи, во прв ред МЕПСО АД како Оператор на Преносниот Систем и секако ЕВН Македонија АД како Оператор на дистрибутивниот систем на електрична енергија во Република Македонија. Снабдувачите или Трговците на електрична енергија немаат никакво влијание ниту можност за влијание врз дефинираните технички параметри во преносот и дистрибуцијата на електричната енергија.

15. Дали со преминувањето на либерализиран начин на набавка на електрична енергија за мојата компанија се менува и броилото, отчитувачкиот период или можеби доводната инсталација, мрежата и сл.?
Не. Броилото останува сопственост на ЕВН Македонија како Оператор на дистрибутивниот систем, а со тоа и обврската на компанијата за отчитување на состојбите за потрошувачката. Доводната инсталацијата и мрежата до местото на мерење остануваат исто така во сопственост и надлежност на ЕВН Македонија АД.

16. Доколку се одлучам да бидам снабдуван на отворен пазар и после извесен период не сум задоволен од услугите на мојот Снабдувач, дали ќе имам можност да преминам кај друг?
Правилата за снабдување во делот за Промена на Снабдувач даваат можност корисникот да го промени својот снабдувач. Постапката во овој момент е предвидено да трае 23 работни дена. Во секој случај условите на раскинувањето исто како и склучувањето на Договорот се договараат билатерално помеѓу договорните страни. 

17. Дали часовите за висока и ниска тарифа од регулираниот пазар остануваат исти?
Да, високата тарифа е од 07:00 – 22:00 секој ден освен недела. Ниската тарифа важи од 22:00 – 07:00 секој ден и недела во текот на целиот ден.

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул. Плоштад Македонија, бр. 1
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]