Енергетска ефикасност во бизнисот

Се поголем број на компании гo согледуваат управувањето со потрошувачката на електрична енергија како многу важен начин за намалување на своите оперативни трошоци и на влијанието врз животната средина, како и за зајакнување на имиџот на компанијата. Доколку сакате да ја користите енергија разумно, прво мора да знаете точно колку електрична енергија се користи за што. Многу често, необјаснивите зголемувања на потрошувачката лесно се занемаруваат и можностите за заштеда остануваат неискористени.
 
Енергетскиот извештај на ЕВН Електроснабдување ви ги дава сите важни информации за потрошувачката на електрична енергија во текот на изминатиот период, на компактен и јасен начин. Благодарение на практичниот формат, можете веднаш да ги обработите податоците и да ги користите за индивидуални анализи. Необјасниви отстапувања и потенцијални заштеди стануваат видливи, а со тоа доста рано и брзо можете да преземете мерки.
 
Енергетската ревизија е систематско и детално истражување на сите суштински потрошувачи на енергија и проток на енергија во една компанија. Од почетокот на 2020 година, големите компании се обврзани според Законот за енергетска ефикасност да спроведат надворешна енергетска ревизија еднаш на секои четири години или да имплементираат систем за управување со енергија или животна средина како алтернатива.
 
Систем за управување со енергија. Воведувањето на систем за управување со енергија и имплементација на стандарот ИСО 50001, го нудиме на сите клиенти кои ќе изразат интерес за тоа. Наша цел е да бидеме партнер на компаниите во воведувањето напредни технологии и стнадарди што ќе значи посилни компании кои ќе креираат развој во општеството.
 
Експертите на ЕВН ќе ве придружуваат во текот на целиот процес на имплементација на услуги од областа на енергетска ефикасност и исто така ќе ви обезбедат стручни совети и поддршка кога станува збор за спроведување на специфични мерки мерки.

За да се стане целосно енергетски ефикасна компанија потребни се детални активности, активности кои може да вклучат големи почетни инвестиции и кои може да се случат со текот на времето. За сеопфатна стручна поддршка и насоки во процесот на постанување на енергетски ефикасна компанија, Ве молиме контактирајте ги нашите Менаџери за клучни корисници тука.

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]