ЕВН Снабдување – Виртуелен производител

„Виртуелен производител“ е правно лице кое комерцијално и технички интегрира производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија приклучени на електродистрибутивна мрежа, со што се овозможува централизирано управување со нивното производство и нивен третман како еден производител кој учествува на пазарот на електрична енергија;
 
ЕВН Снабдување – Виртуелeн производител врши комерцијално и техничко интегрирање на производителите на електрична енергија од обновливи извори на енергија приклучени на електродистрибутивната мрежа и централизирано управување со нивното производство со цел за оптимизирање на трошоците и ги третира како еден производител кој учествува на пазарот на електрична енергија.
 
ЕВН Снабдување  како Виртуелен производител комерцијално ги интегрира ПЕЕОИЕ со склучување на договор за управување со нивната произведена електрична енергија и ја продава на пазарот на електрична енергија, во нивно име и за нивна сметка.
 
 
Листа на производители
преземи

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]