Како да станете наш корисник

За стекнување на право за учество на либерализиран пазар дефинирани се 2 критериуми. Доколку ги исполнувате критериумите за големи потрошувачи (повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход или вкупна актива поголема од десет милиони евра) мора да набавувате електрична енергија на отворен пазар и имате обврска да склучите договор со снабдувач или трговец најдоцна 60 дена по денот на стекнувањето на статусот квалификуван потрошувач.

Од друга страна, критериумите за корисниците кои припаѓаат во категоријата мали потрошувачи се заосноваат на годишна потрошувачка и според Законот за енергетика на РМ предвидени се  5 чекори на либерализација на пазарот на електрична енергија во зависност од годишната потрошувачка на корисниците.  Според тоа, корисниците со годишна потрошувачка над 1000 MWh можат да учествуваат на отворен пазар почнувајќи од 1 Јули 2016, корисниците со годишна потрошувачка над 500 MWh од 1 Јули 2017, корисниците со годишна потрошувачка над 100 MWh од 1 Јули 2018, корисниците со годишна потрошувачка над 25 MWh од 1 Јули 2019, а сите останати мали корисници и домаќинства почнувајќи од 1 Јули 2020. Доколку овие корисници не склучат договор за снабдување со електрична енергија со снабдувач или трговец, ќе бидат снабдувани од Снабдувач во Краен Случај (СКС) по регулирани цени.

Доколку ги исполнувате критериумите за стекнување на правото за учество на отворен пазар, лесно можете да станете наш корисник во неколку чекори:
  1. Консултирајте се со Вашиот Менаџер за клучни корисници  и побарајте понуда
  2. Потпишете ја најдобрата понуда специјално прилагодена на Вашите потреби, заедно со  Полномошно од корисник на снабдувач  и Изјава за промена на снабдувач , не подоцна од 23 работни денови пред почетокот на снабдувањето со електрична енергија на отворен пазар
  3. Склучете договор за снабдување со електрична енергија

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул. Плоштад Македонија, бр. 1
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]