Електромобилност

Електричните автомобили пристигнаа во секојдневниот живот! Возете на еколошки и економичен начин – а како компанија имајте општествено одговорна позиција. Тимот на ЕВН за електромобилност е тука да ве поддржи при вашата транзиција кон новата еколошка мобилност.
 
Сè повеќе компании и физички лица започнаа да ги користат електричните возила во секојдневниот живот. Опсегот се движи од мали и многу мали автомобили до средни автомобили и возила за испорака. Соодветно возило може да се најде за практично секоја намена.
 
Лесно и безбедно полнење за време на работа или во удобноста на вашиот дом
Без оглед на тоа дали сакате да полните сопствени електрични возила или сакате да им понудите на вашите клиенти и вработени соодветна опција за полнење како дополнителна услуга, или пак сакате да полните дури одморате дома со вашите најблиски: ЕВН има соодветна станица за полнење за секоја ситуација!
 
Дали сакате понуда за полнење на е-возила во вашата компанија или вашеиот дом?
Нашите експерти за е-мобилност со ЕВН со задоволство ќе ви помогнат и советуваат. Со првичните консултации на терен, правиме заеднички план за можната употреба на електрични возила во вашата компанија или дом.
Притоа, ги наоѓаме вистинските опции за полнење за возилата и потребната инвестиција
 
Нашата понуда
 
Управувајте со вашите станици за полнење на електрични возила со пакетите на ЕВН!
Ние се грижиме за набавка, управување и  и одржување на вашата станица за полнење.
 
Стандарден пакет
  • Набавка и испорака на станица за полнење
  • Приклучување на станицата за полнење на најблиската приклучна точка
  • активирање на станицата за полнење на соодветниот софтвер за управување и наплата
 
Бизнис
пакет Бизнис кој ги вклучува следните услуги покрај стандардниот пакет:
  • обезбедување на систем за наплата кон трети лица
  • креирање на ваш профил во нашиот софтвер (во изработка)
 
За дополнителни информации или доколку сакате да закажете консултација обратете се на emobility@evn.mk.
 
Благодарејќи на нашата инфраструктура низ целата земја, полнењето на вашите електрични возила е обезбедено. Во минатото  патувања остануваа под опсегот на полнење на батеријата, така што возилото можеше да се наполни само во текот на ноќта, на службените паркинзи или во вашиот дом. Токму затоа, како опшстествено одговорна компанија, пристапивме кон ширење на јавната мрежа на полначи, со што полнењето стана подостапно за секого и времето на полнење е скратено.
 
ЕВН, во соработка со општините изгради сериозна инфраструктура за полнење на електрични возила низ целата држава. Во рамки на проектот за развој на електромобилноста, поставивме станици за полнење на електрични возила во 17 градови во земјата. Во Град Скопје, поставени се повеќе полначи кои покрај на јавни површини, достапни се и во фреквентни приватни објекти како хотели, шопинг центри и слично.
 
Доколку сакате да прочитате повеќе за електромобилност, посетете ја страната www.emobility.evn.mk.  

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
snabduvanje-info@evn.mk