Фотоволтаични системи

Поголемо искористување на сончевата енергија преку иновативни решенија и современи технологии е новата услуга на ЕВН која е достапна на пазарот за сите заинтересирани корисници. ЕВН нуди комплетно решение по принципот „клуч на рака“ за фотоволтаични системи за сите домаќинства и бизниси во Македонија.
 
Годишниот потенцијал за производство на соларна енергија во Македонија се проценува на 1.300-1.450kWh/kWp, што претставува јасна цел за искористување во иднина.
ЕВН како лидер на пазарот ги следи светските трендови за сѐ поголемо инвестирање во обновливата енергија. Составивме тим од експерти кои развиваат решенија по мерка на корисниците и сега соларната енергија во Македонија е достапна и за домаќинствата и за компаниите.
 
Со поставување на фотоволтаична централа односно соларни панели годишно едно домаќинство може да покрие и над 30% од вкупната годишна потрошувачка за електрична енергија. Компаниите, пак, покрај тоа што можат да заштедат преку производство на т.н. „зелена енергија“ за сопствени потреби, а со тоа и ја зајакнуваат  својата општествена одговорност со намалување на загадувањето на воздухот.
 
Дали сакате да инвестирате и во чиста електрична енергија? Потпрете се на знаењето на нашите специјалисти за фотоволтаични системи и нивното искуство добиено преку инсталирање на повеќе системи на кров и земја!
 
Зошто ЕВН?
 
Искуство и знаење
Стекнавме големо искуство во дизајнирање и инженеринг на сите типови фотоволтаични системи на различни пазари.
 
Квалитет
Ние користиме опрема од топ 5 светски произведувачи кои ја делат нашата посветеност кон квалитетот.
 
Поддршка
Ние креираме оптимален дизајн според вашите потреби. Притоа, обезбедуваме појаснување на сите технички детали за преземање на вишокот електрична енергија која ќе ја произведете од фотоволтаичната централа, а нема да ја искористите за сопствени потреби. По принципот ‘клуч на рака’ ја обезбедуваме сета потребна документација за пуштање во употреба на фотоволтаичниот систем.
 
Фиксни цени и без скриени трошоци
Нашето решение ‘клуч на рака’ го обезбедува комфорот на корисниците, обезбедувајќи ги услугите без скриени трошоци и дополнителни давачки.
 
Откуп на вишокот електрична енергија
Нудиме конкурентни цени за откуп на вишокот на електрична енергија и истата е фиксна за целиот период на траењето на договорот.
 
Доверлив и сигурен партнер
ЕВН Електроснабдување е дел од групацијата ЕВН која нуди сигурност и доверливост на долги патеки.
 
Сите заинтересирани за оваа нова услуга на ЕВН може да го посетат Инфо центарот во центарот на Скопје или да се обратат на gosolar@evn.mk.

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
snabduvanje-info@evn.mk