Енергетска ефикасност во бизнисот

Се поголем број на компании ги согледуваат мониторингот и анализирањето на потрошувачката на електрична енергија како многу важен начин за намалување на своите оперативни трошоци и на влијанието врз животната средина, како и за зајакнување на имиџот на компанијата. Кога станува збор за енергетска ефикасност, знаењето е моќ за успех.

За да се постане целосно енергетски ефикасна компанија потребни се детални активности, активности кои може да вклучат големи почетни инвестиции и кои може да се случат со текот на времето. За сеопфатна стручна поддршка и насоки во процесот на постанување на енергетски ефикасна компанија, Ве молиме контактирајте ги нашите Менаџери за клучни корисници тука .

Сепак, постојат голем број на начини за заштеда на електрична енергија кои не бараат голема инвестиција и кои можат да се применат во сите компании, независно од нивната индустрија. Повелете неколку корисни совети за заштеда на електрична енергија кои ќе Ви помогнат за намалување на трошоците за електрична енергија на Вашиот бизнис:
  • Поттикнете ги Вашите вработени на крајот на секој работен ден да ги исклучат компјутерите (или барем мониторите), печатачите, светлата, итн. 
  • Намалете ја употребата на хартија со двострано печатење или со повторна употреба на хартијата.
  • Поттикнете ги Вашите вработени да користат електронска пошта наместо печатени меморандуми.
  • Купете компјутери, монитори, печатачи и сл. од висока класа на енергетска ефикасност кои што се исклучуваат по определен предефиниран период на неактивност. 
  • Користете преносни компјутери, тие трошат 90% помалку електрична енергија од стандардните десктоп компјутери.
  • Користете инк-џет печатачи, тие трошат 90% помалку електрична енергија од ласерските печатачи.
  • Чистете ги нечистите расветни тела и светилки на секои 6 до 12 месеци.
  • Користете флуоресцентни и ЛЕД светилки наместо конвенционални. Тие трошат помалку електрична енергија за исто осветлување.
  • Користете рефлектори наместо прекумерно флуоресцентни светилки.
  • Користете осветлување со потенциометар за да можете рачно да ја прилагодите јачината на светлината.
  • Користете сензори за да ја контролирате светлината во ретко посетените простории. 
  • Користете тајмери или термостати за климатизација.
  • Редовно чистете ги кондензаторите и менувајте ги филтрите.
  • Користете рефлектирачка фолија за прозорци или настрешници на прозорците поставени кон југозапад.
За дополнителни совети и за следење на најновите трендови и случувања за енергетска ефикасност во Македонија и во светот, Ви препорачуваме да го посетите следниот портал за енергетска ефикасност energetskaefikasnost.info

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул. Плоштад Македонија, бр. 1
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]