Ziegler-Roland.jpg




Роланд Циглер

Менаџер во ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ

Роланд Циглер е машински инжинер кој завршил на Техничкиот Колеџ во Виена. Потоа студирал Бизнис Администрација на Виенскиот Универзитет за Бизнис и Економија. Својата кариера ја реализирал на водечки менаџмент позициии, пред се во одделите за маркетинг и продажба, во различни интернационални компании како водечкиот производител на цигли Винербергер и водечкиот европски производител на инфрацрвени греачи Шванк. Во 2011 се приклучува на групацијата ЕВН АГ како одговорен за развој на Одделот за Енергетски Услуги, како фотоволтаици, улично осветлување, консалтинг и продукти за енергетска ефикасност електромобилност и сл. Во 2019 станува прокурист за  EVN Energievertrieb GmbH & Co KG. Од 2017 е Претседател на Асоцијацијата за електромобилност на австриските снабдувачи со електрична енергија. Од први април 2019 година е Управител на ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје.
 


Julijana-Zaovska-Vidinovski.jpg




Јулијана Заовска Видиновски

Менаџер во ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ
 
Г-ѓа Јулијана Заовска Видиновски управува со ЕВН Македонија Електроснабдување од почеток на 2016 година. Нејзиното претходно искуство во ЕВН групацијата е како раководител на одделот за односи со корисници. Таа доаѓа во групацијата во 2013 година со повеќе од десетгодишно искуство во делот на односите со потрошувачи во телекомуникацискиот сектор, поточно од позицијата раководител на генералниот контакт-центар во „Т-Mobile“ и Македонски телеком. Г-ѓа Заовска Видиновски има завршено високо образование на Технолошкиот факултет во Скопје, како и магистерски студии за менаџмент и бизнис-администрација на Економскиот факултет во Скопје.
 

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул. Плоштад Македонија, бр. 1
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]